ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО СО ПРИЕМ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА ВЕЖБАТА ,,ПРЕДИЗВИК 2013,, PDF Печати

   По завршувањето на шестата по ред билатерална воена вежба ,, Предизвик 2013 ,, која изминатите денови се одржуваше на Армискиот полигон Криволак и на која заедно учествуваа припадници на баталјонот за противвоздушна одбрана кој е во состав на воздухопловната бригада на АРМ и припадници на единицата за противвоздушна одбрана на вооружените сили на Република Словенија, денеска за дел од нив во својот кабинет приреди градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој се задржа во краток разговор со гостите и ја искористи можноста изворно да се информира за успешноста на воената вежба. Припадниците на двете армии го запознаа Апостолов дека вежбовните активности поминале во најдобар ред и дека вежбата придонесла за подобрување на обученоста, интероперабилноста и борбената готовност на армиите учеснички. Во знак на благодарност за укажаното гостопримство, претставникот од Словенија на градоначалникот му подари книга за Совенечката армија , додека претставникот на АРМ на Апостолов му врачи значка кој им се доделува на стрелците кои првпат лансираат ракета. Во име на локалната самоуправа на припадниците на двете армии им беа доделени пригодни подароци преку чија содржина ќе можат да запознаат со основните карактеристики на општина Неготино.