ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КРИВОЛАК И КОРИСНИЦИТЕ НА НАРОДНА КУЈНА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   80-тина ученици кои нови знаења стекнуваат посетувајќи го подрачното училиште во селото Криволак денеска беа посетени од претставници на Армијата на Република Македонија и вооружените сили на Република Словенија, како и делегација на локалната самоуправа предводена од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во рамките на спроведувањето на оваа заеднички координирана акција, присутните гости на дечињата им доделија пригодна донација што кај предизвика радост која не можеа да ја скријат, а во знак на благодарност учениците изведоа кратка пригодна програма. Успешната соработка што општина Неготино ја има со учесниците на воените вежби кои се одржуваат на воениот полигон Криволак беше заокружена со посета на Народната кујна каде што на корисниците на социјална помош исто така им беа поделени подароци обезбедени од страна припадниците на армиите на Македонија и на Словенија, за што тие пред нив изразија јавна благодарност.