ВО НЕГОТИНО ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2013-ТА ГОДИНА PDF Печати
   Во организација на Агенцијата за вработување Неготино и локалната самоуправа денеска во Неготино во присуство на голем број заинтересирани претставници од бизнис-секторот се изврши презентација на активните програми и мерки за вработување во тековнава година. Директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски ги запозна присутните со дел од мерките кои се донесени, а кои имаат единствена цел - намалување на невработеноста во земјава, појаснувајќи ги притоа можностите што им се нудат на работодавачите за остварување на зацртаното. На трибината беа презентирани Програмата за самовработување, Финансиска поддршка на правните субјекти( мали и средни претпријатија и занаетчии) за отворање нови работни места, како и субвенционирањето за вработување. Секоја програма и мерка содржи цел на програмата, опфат на корисници, потребни средства и извори на средства, надлежни институции за имплементација, услови и критериуми и слично. Присутните беа информирани и за објавените огласи од страна на Агенцијата за вработување и тоа за обука кај познат работодавач и практиканство како прво работно искуство до вработување кој беше распишан во текот на вчерашниот ден и кој се однесува на млади невработени лица до 29 години. На трибината, претставниците од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика одговараа и на поставените прашања од страна на претставниците на бизнис-секторот.