УЧЕСНИЦИТЕ НА МОТО-РЕЛИТО ,, МАКЕДОНИЈА-НЕЗАВИСНОСТ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Во рамките на одбележувањето на 8-ми септември-Денот на независноста на Република Македонија кој годинава се прослави во спортски дух под мотото ,, Со спортот победуваме заедно- Македонија победува ,, со организирање на бројни спортски настани и активности, во Неготино престојуваа над 200 учесници со своите мотори кои зедоа учество во традиционалното мото-рели ,, Македонија-независност 2013 ,, кои извесен период се задржаа на градскиот плоштад во одмор и релаксација-период што беше искористен од страна на граѓаните да ги разгледаат паркираните мотори. На учесниците на мото-релито и на сите присутни граѓани Денот на независноста им го честиташе градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека токму спортот е одбран како поле преку кое се одбележува независноста затоа што е докажано дека спортот најдобро обединува и прави кохезивна врска помеѓу граѓаните, а народот заеднички пулсира кога очекува заеднички успех. Учесниците на мото-релито во Неготино претстојуваа во рамките на возењето на втората од трите рути во  вкупна должина од 787 километри  поминати низ цела држава и за нив локалната самоуправа самоуправа организираше прием. Претставникот на Мото федерацијата на Македонија Миле Димитриев на градоначалникот Апостолов му додели благодарница за укажаното гостопримство во Неготино.