ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ДЕЛ ОД СМЕТКИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ PDF Печати
   На предлог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, локалната самоуправа ќе врши субвенционирање на потрошувачката на комуналните услуги во делот на испораката на вода за пиење, канализација, одведување на отпадни води и подигање и изнесување на комунален отпад за 2013-та година, со тоа што одлуката се однесува на домаќинствата кои се корисници на право на социјална парична помош. Покрај овој услов, корисникот ќе го остварува надоместокот по основ на субвенција на дел од месечната сметка за комунални услуги доколку редовно врши плаќање на комуналните сметки, а потрошувачката на вода не надминува повеќе од 15 м3 месечно. Висината на месечниот надоместок за субвенција ќе изнесува 350 денари и истиот ќе се исплаќа за секоја платена месечна сметка за комуналии, а доколку износот на месечната сметка е помал од 350 денари, надоместокот за субвенција ќе се исплаќа до износот на доставената сметка, a исплатата може да се врши за повеќе месеци одеднаш за платените сметки во периодот на важење на оваа одлука. Потребните финансии ќе се обезбедат од Буџетот на општина Неготино.