ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ДОДЕЛУВА ПО 7.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНО ДЕТЕ PDF Печати
   Следејќи ја политиката на Владата на РМ за донесување стиумалитивни мерки за зголемување на наталитетот кој и на ова подрачје последниве години бележи значително опаѓање, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска на прес-конференција информираше дека со сопствен проект локалната самоуправа ќе придонесување за искоренување на ,, белата чума ,,. Апостолов ја запозна пошироката јавноста дека во иднина, а од денот на стапувањето во сила на одлуката, општина Неготино ќе доделуваа финансиска поддршка во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општината, независно дали станува збор за прво, второ, трето или четврто дете. Според презентираните податоци од страна на првиот човек на локалната самоуправа, годишно на територијата на цела општина се раѓаат околу 250 новороденчиња, од кои по околу 100 се прво или второродени деца, а останатите 50-тина се трето и четвртородени бебиња. Годишно, за реализација на проектот од Буџетот на општина Неготино ќе се издвојуваат од 20 до 25.000 евра, но како што истакна градоначалникот Апостолов, висината на средства е минорна во однос на потенцијалните придобивки.