ВО НЕГОТИНО ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА PDF Печати

   Во големата сала на општина Неготино во организација на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и УНДП се одржа информативна средба на која пред заинтересираните беше извршено претставување на Програмата за општинско корисна работа. Според зборовите на Снежана Мирчевска-Дамјановска –претставник на УНДП оваа програма претставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време -20 работни чаови неделно, а со единствена цел за стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Програмата, како што беше речено, преку обезбедување на услуги од социјалната сфера треба да им помогне на лицата од општина Неготино. Во рамките на евентуалниот иден ангажман, право да се вклучат во програмата имаат долгорочно невработени лица, членови на социјално загрозени семејства, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни и други лица. Инаку, општина Неготино во изминатиот период ја воведе пилот-програмата од областа на социјалните услуги и вработи асистенти-воспитувачи во веќе постоечките игрални за деца од предучилишната возраст во 6 рурални средини- проект кој е оценет како еден од најдобрите во Македонија. Притоа, ангажираните вопситувачки секојдневно беа вклучени во редовната настава во градинките и се грижеа за спроведување на воспитно-образовниот процес.