ОПШТИНА НЕГОТИНО ГИ ПОПРАВИ ОШТЕТЕНИТЕ УЛИЦИ ВО ГРАДОТ PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната програма за комунални дејности локалната самоуправа Неготино  со сопствени средства во висина од 150.000 денари обезбедени од  општинскиот Буџет изврши поправка на ударните дупки и регистрираните оштетувања на повеќе улици во градот. Најнапред се изврши поправка на двете главни улици во градот – Маршал Тито и Партизанска, а потоа се продолжи со крпење на ударните дупки на улицата кај Здравствениот дом, двете основни општински училишта и други јавни установи, односно секаде каде што стручните служби детектирале потреба од такво нешто или пак самите граѓани до надлежните во локалната самоуправа алармирале дека има оштетувања на улиците каде што тие живеат. Во реализацијата на проектот беа вклучени и работници на ЈП Македонија пат и на локалното комунално претпријатие Комуналец.