НА ПЛОШТАДОТ ВО НЕГОТИНО ПОСТАВЕНА ОПРЕМА ЗА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на спроведувањето на годишната програма за работа со средства во висина од 1.200.000 денари обебзедени од сопствениот Буџет општина Неготино започна со реализација на проект за поставување реквизити за детски игралишта на неколку локации во градот. Како што информираат од Службата за односи со јавност и медиуми при општината, реквизитите најпрво се поставени во централното подрачје на градскиот плоштад-едно од најфреквентните места во Неготино, и на задоволство на најмладите, и не само на нив, истите во текот на целиот ден и покрај високите температури беа исполнети со дечиња кои овде најдоа пред се безбедно и пријатно катче за поминување на слободното време во одмор, забава, другарување и релаксација. Посетителите имаат можност да уживаат во справата за одење со раце од дрвена конструкција, рачки и пожарникарска шипка, детска куќичка од дрвена конструкција со метални огради, 2 клупи и масичка, нишалка со две седишта, лулашка со седиште птичјо гнездо, платформа од дрвена конструкција со метална ограда и многу други реквизити кои се поставени на заштитен под од гумени панели наменет исклучително за детски игралишта. Предвидено е опрема за детско игралиште да биде поставена на уште 2 локации во Неготино.