УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР БЕНЦЕ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати
   Во рамките на реализирањето на програмата за меѓународна соработка на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го прими и се задржа во краток и конструктивен разговор со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце. На средбата Неговата Екселенција – амбасадорот Бенце од страна на домаќинот беше информиран за тековните активности во локалната самоуправа, за активностите што општината ги спроведува за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, како и за напорите за привлекување домашни и странски инвеститори со цел за отворање на нови производствени капацитети, а аналогно на тоа и нови работни места, при што беше промовирана и новата индустриска зона Неготино во близина на селото Црвени Брегови. Градоначалникот Апостолов и амбасадорот Бенце разговараа и за други прашања од делокругот на работата на локалната самоуправа Неготино.