ОПШТИНА НЕГОТИНО ДОБИ НОВО ВОЗИЛО И КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ НА СМЕТ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и ги предаде клучевите од новото набавено возило за собирање на сметот во руралните средини на подрачјето на општината, а локалното комунално претпријатие доби и 47 нови контејнери кои во зависност од направените проценки и бројот на жителите во селата  ќе бидат рамноправно распределени. Истите се добиени преку реализацијата на проектот ,, Управување со отпадот во руралните средини во општината ,,, при што возилото е набавено по цена од 4.472.000 денари, додека вредноста на 47-те контејнери за комунален и индустриски отпад од 1,1м3 изнесува 696.200 денари. Вкупните средства во висина од 5.360.000 денари беа обезбедени со подеднакво учество на Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Неготино. Од локалната самоуправа очекуваат со набавката на возилото и контејнерите да се подобри јавната чистота во руралните средини и да имаме поздрава животна средина.