ИЗВРШЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО НЕГОТИНО И ДЕЛ ОД СЕЛАТА PDF Печати
   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на територијата на општината, локалната самоуправа Неготино деновиве изврши превентивна дезинсекција против комарци на територијата на целиот град, како и во населените места Тимјаник и Криволак. Како што информираат одговорните, прскањето е извршено од страна на стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и тоа на критични точки на јавни површини со препаратот Аква-котрин. Меѓу останатите површини, прскање е спроведено покрај течението на реката Вардар, по целата должина на кејот на Тимјаничка река, двете главни улици во Неготино, градинките, основните и средното училиште, здравствениот дом и на други локации, односно секаде каде што е утврдено дека има потреба од реализација на овој зафат. Предходно, преку средствата за јавно информирање граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни благовремено беа запознато дека ќе се одвива прскање против комарци со цел да извршат нивна заштита. Од локалната самоуправа истакнуваат дека во зависност од временските услови и јавена потреба од такво нешто, и во наредниот период ќе следуваат дополнителни третирања со прскање против комарци.