ВО НЕГОТИНО ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО PDF Print
There are no translations available.

 Локалната самоуправа Неготино во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој  во големата сала на општина Неготино која беше исполнета од заинтересирани граѓани организираа работна средба со цел за запознавање на земјоделците и презентација на можностите и активните програми на Агенцијата кои се од непосреден интерес за потенцијалните корисници. Од страна на претставничките на Агенцијата Анета Апостоловска и Марија Марковска беа презентирани мерките 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности и подмерките неземјоделски активности во руралните средини, диверзификација на приходите од земјоделска дејност и услужни дејности во земјоделието, како и развојот на руралниот туризам. Исто така, се говореше и за двата објавени јавни повици за единиците на локалната самоуправа, што пак беше повод градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов да информира дека општината има аплицирано за реализација на три проекти преку Агенцијата во вредност од близу 500.000 евра.