ОПШТИНА НЕГОТИНО СО БЛАГОДАРНИЦА ЗА АЈХАН ЗЕЈТИН PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го прими во својот кабинет и се задржа во краток разговор со нашиот сонародник Ајхан Зејтин кој над 25 години живее и егзистира во градот Бремен – Германија каде што има основано и семејство. Зејтин е со потекло од неготинското село Тремник, а поводот што беше примен од првиот човек на општината е фактот што тој им укажува комплетно гостопримство, се грижи за нивниот престој во Бремен, им ги покажува убавините на градот и речиси во секој момент им е на располагање на членовите на Културно-уметничките друштва од Неготино кои остваруваат гостувања во Германија претставувајќи го богатото македонско фолклорно творештво. Вратите на домот на Зејтин се отворени за сите добронамерни посетители кои престојуваат во Бремен и сите кои го посетиле имаат само пофални зборови за неговиот однос и гостопримството што им го овозможува. Во знак на благодарност, градоначалникот Апостолов од име на општина Неготино му додели благодарница и скромен подарок – копаница изработена од неготинските копаничари. Наедно, беше договорено за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур во Неготино да престојуваат играорци од Бремен и притоа да имаат свој настап пред неготинската публика.