АСФАЛТИРАН И УРЕДЕН ЦЕНТАРОТ ВО ВОЈШАНЦИ, НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во период од 3 месеци работници на ГП Урбан инвест извршија комплетно уредување на централното подрачје во неготинското село Војшанци, а работите финишираа со асфалтирање на целиот простор на кој се изведуваа градежни работи. На реализацијата на финалните активности присуствуваше и градоначалалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој не го криеше задоволството од добро завршената работа и кој информираше дека целокупното спроведување на проектот чинеше околу 5.000.000 денари- средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Директорот на градежната оператива Симон Ѓорески истакна дека е асфалтирана вкупна површина од 1.800 м2 при што се опфатени неколку улици во центарот на селото, поставени се улични бетонски рабници во должина од 600 метри, на постоечките тротоари се поставени бекатон коцки на површина од 850 м2, а на иницијативата на месното население извршена е санација на постоечкиот бунар. Со завршувањето на уредувањето, централното подрачје во Војшанци доби сосема нов и модерен изглед и во иднина повеќе од сигурно ќе претставува место каде што жителите во одмор и релаксација ќе можат да минуваат дел од слободното време, а за таа цел градоначалникот Апостолов најави поставување на клупи, осветлување на просторот и негово хортикултурно уредување.