АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ТРИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ТРЕМНИК, НЕГОТИНО PDF Печати

   Претставници на Музејот на Македонија и градскиот музеј на Неготино, професори  и студенти од Филозовскиот факултет-отсек археологија и десттина локални жители од половината на минатиот месец се ангажирани околу истражувањата кои се вршат на локалитети на територијата на општина Неготино. Според зборовите на раководителите на проектот Антониот Јакимовски и Марјан Јованов истражувачките работи се одвиваат на три локалитети и тоа Мали дол, Чаир рид и Јака чешма, што само потврдува дека општина Неготино, а посебно атарот на селото Тремник располагаат со огромно археолошко богатство што претставува предизвик за истражување од страна на стручната јавност. Посебно атрактивен е локалитетот Јака чешма каде што е откриено постоење на римски водовод што според археолозите докажува дека на овој простор во минатото егзистирала елитна и многубројна населба. Истражувањата се очекува да се одвиваат и во периодот од наредните два месеца, а целокупните активности се финансирани со средства од Министерството за култура и локалната самоуправа Неготино. Овој археолошки локалитет го посети градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој се интересираше и доби релевантни информации за досегашниот тек од истражувањата и плановите за во иднина.