ВО НЕГОТИНО ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА БИСТИТЕ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ОД НОВ PDF Печати

   Со пригодна свеченост одржана во градскиот парк, во Неготино беше одбележана 70-годишнината од одржувањето на значајни настани од Народноослободителната војна во 1943 година, а во чест и со почит кон борците кои таа година ги загубија своите животи за слободна Македонија. Свежо цвеќе на спомен-бистите на паднатите борци положија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на општинскиот Совет Јордан Паунов, делегации на Здруженијата на борци од општините Неготино и Кавадарци, претставници на Здружението на пензионери, членови на семејства на загинати борци, делегации на политички партии од општината и други. Во чест на одбележувањето на оваа годишнина, се одржа и пригодна програма со рецитали и настап на членовите на Распеаните пензионери кои исполнија неколку музички нумери.