ВО НЕГОТИНО СЕ ИЗВЕДУВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО УРБАН БЛОК 5 PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино започнаа градежните активности во урбаниот блок 5 во градот. Станува збор за проект со чија реализација се врши поставување на водоводна и канализациона мрежа  во должина од 220 метри за потребите на жителите кои во овој урбан блок имаат изградено индивидуални станбени домови и кои ги имаат подмирени своите обврски во делот на комуналните давачки. Градежните работи се финансирани со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од околу 2 милиони денари.