ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА PDF Печати
   Во рамките на континуираните напори за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, покрај проектот што се спроведува со поддршка од Германската банка за обнова и развој со кој во првата фаза старите се менуваат со нови автоматизирани водомери, а во втората фаза комплетно ќе се реконструира старата и дотраена  водоводна мрежа која придонесува за создавање на загуби на водата која доаѓа од регионалниот водовод  Лукар, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на кординативниот состанок со одговорните од ЈП Комуналец иницираше иградба на нов и поголем резервоар за вода. За таа цел, Комуналец е задолжен да ангажира консултантска фирма која во рок од 2-3 недели ќе изготви извештај за тоа каде е најпогодно да се гради новиот резервоар и со колкав капацитет да биде, по што стручните служби при локалната самоуправа ќе изработата основен проект. Се верува дека со изградбата на новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои ќе придонесат за укинување на дневните и ноќните редукции, односно крајната цел е долгорочно решавање на овој децениски проблем со кој се соочуваат граѓаните на Неготино и добивање на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување.