ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКАТА KFV БАНКА ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   На подрачјето на општина Неготино интензивно течат работите од првата фаза од проектот за подобрување на состојбите со водоснабдувањето кој ќе се одвива во неколку фази. Токму затоа, а за да го согледаат  одвивањето на работите на терен, денеска во посета на Неготино беа претставници на Германската банка за обнова и развој која ги обезбеди кредитните средства што општината ги користи за спроведување на проектот. Тие остварија работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов и со претставници на ЈП Комуналец, а потоа и самите беа сведоци на зафатите на терен. Инаку, во првата фаза се врши замена на 2.600 стари со нови и автоматизирани водомери во домаќинствата во градот, а по завршувањето, ќе започна втората фаза од проектот чија цел е елиминирање на редукциите на вода за пиење и 24 часовно обезбедување на вода во домовите на неготинци.