ПРИЕМ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ЗА УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ НЕГОТИНО-ЧИЛЕ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов по повод успешно реализираниот проект меѓу младите од Неготино и нивните врсници од градот Виљарека од Чиле, приреди прием, ги пречека и се задржа во разговор со учесниците и нивните ментори кои придонесоа да се реализира овој несекојдневен настан. Колку за потсетување, младите од Неготино и од Чиле преку воспоставување на видео-врска заедно комуницираа, другаруваа, се едуцираа и на крајот танцуваа на звуците на популарната електронска музија Харлејм-шејк. Организаторката – неготинската снаа со потекло од Чиле – Емилија Ларачеа го запозна градоначалникот со остварените ефекти од проектот и во името на сите учесници вети спроведување на вакви и слични проекти и во иднина.