ГРАДОНАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИК НА АРМ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска го прими и оствари работна средба со потполковникот Бари Ракиповски – началник на инжинерската единица при Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Тема на дискусија меѓу двајцата соговорници беа актуелните состојби и потребата од извршување на санација на патниот правец Неготино – Криволак кој извесно време е во лоша состојба, а токму затоа и локалната самоуправа ја има утврдено потребата од изведување на интервенции на истиот во делот на негово проширување и крпење на постоечките ударни дупки. Овој патен правец стана уште поактуелен и поексплоатиран со забраната за движење по оштетениот Пепелишки мост, па сега сите моторизирани граѓани кои се упатуваат кон и се враќаат од источниот дел на Македонија, поминуваат по алтернативниот пат Пепелиште-Криволак-Неготино и обратно.