ПРВ ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКOT АПОСТОЛОВ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ја продолжи традицијата четврток да биде приемен ден – ден кога на граѓаните од општината им се овозможува да остварат средба со него и да поразговараат на различни теми кои потенцијалните посетители однапред ги најавуваат на изготвените формулари со кои се закажува средбата. Можноста да поразговараат со првиот човек на општината денеска ја искористија над 30 граѓани, а градоначалникот за сите одвои време да се запознае со целта на нивната посета. Низ разговорите провејуваа повеќе теми – барања за решавање на комунални и проблеми од областа на инфраструктурата, прашања од областа на социјалата, односно за се она што како прашање го наметнуваа соговорниците со кои денеска се сретна градоначалникот Апостолов. Тој вети дека, доколку во меѓувреме не му излезат други обврски кои би го спречиле, секој четврток ќе биде достапен за граѓаните од општината кои од разни причини ќе пројават желба да остварат средба со него.