ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ СО ПРИЕМ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на локалните избори ја доби довербата на граѓаните да ја води локалната самоуправа во наредниот четиригодишен период, денеска  приреди прием за граѓаните на општината и сите посетители ги почести со торта изработена специјално за оваа пригода. Апостолов во пригодното обраќање искажа јавна благодарност за огромната доверба што ја доби на изборите, им се забалгодарите на сите кои гласале за него, но и општо на сите кои излегоа на гласање и вети посветена, чесна и транспарентна работа во неговиот мандат. Новиот градоначалник средбата ја искористи и да размени мислења за актуелни општински состојби со претставници на бизнис-секторот, директори на јавни претпријатија и установи, а се задржа и во краток разговор со обичните граѓани кои дојдоа да му го честитаат мандатот.