ВАНЧО АПОСТОЛОВ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
  Со 6.957 освоени гласови или 57,97 отсто од излезените избирачи кандидатот за градоначалник на општина Неготино од коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Апостолов оствари убедлива победа на вчера одржаните локалните избори. На второ место со 4.259 освоени гласови или 35,49 отсто од вкупниот број излезени гласачи се пласираше Силвана Филипова кандидат на Сојузот за иднината предводен од СДСМ, додека третопласиран беше Стојче Петров од Народното движење на Македонија со 699 гласови или 5,82 отсто од вкупниот број излезени избирачи. Кандидатот на СДУ Душко Јанев освои 87 гласаови.