ВМРО-ДПМНЕ СО МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Од вкупно 15.942 избирачи, за понудените 7 листи со кандидати за советници во Советот на општина Неготино на гласање излегоа 12.519 избирачи при што регистрирани се важечки 11.891 гласачко ливче, а неважечки 628. Убедливо најмногу гласови -6.199 освои советничката листа на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во Советот ќе биде претставувана од 9 советници, советничката листа на Сојузот за иднината преводен од СДСМ освои 3.782 гласа и ќе има 5 советници, додека 1 советничко место со освоени 801 глас доби партријата Народно движење на Македнија. Инаку, согласно законските прописи, интересите на граѓаните на општина Неготино во општинскиот Совет ги претставуваат вкупно 15 советници.