ВИСОК ПРОЦЕНТ НА ИЗЛЕЗЕНОСТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   78,53 отсто или 12.519 гласачи од евидентираните 15.942 избирачи кои се произнесуваа на 25 избирачки места излегоа на вчерашното гласање за локалните избори во општина Неготино што претставува еден од највисоките проценти на излезеност во Република Македонија. До 10 часот имаше процент на излезеност од 13,8 отсто или 2.099 гласачи, до 13 часот на гласање излегоа 5.339 избирачи или 33,5 отсто од вкупниот број гласачи, додека до 17 часот излезеноста беше 61,8 отсто или 9.822 излезени гласачи. Гласањето на сите избирачки места на територијата на општина Неготино помина во мирна, фер и демократска атмосфера и без ниту еден регистриран инцидент.