АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА ,, ВЛАДО АРСОВ ШПАНАЦ ,, ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Работници на градежното претпријатие Гранит кои беа ангажирани од страна на локалната самоуправа Неготино деновиве извршија асфалтирање на улицата Владо Арсов Шпанац. Станува збор за улица на која предходно беа изведени градежни работи во делот на промената на водоводната и канализационата мрежа, а во меѓувреме лошите временски услови не дозволуваа да се извршат интервенции на оштетувањата кои настанаа при изведувањето на работите. По изведените работи, сега оваа улица е доведена во првобитната состојба и по истата безбедно можат да се движат возила и пешаци. За нејзиното асфалтирање во должина од 100 метри од Буџетот на општина Неготино беа издвоени над 1 милион денари.