ИЗВРШЕНА САНАЦИЈА НА ОШТЕТУВАЊАТА НА УЛ ,, ЛЕНИНОВА ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Врз основа на реакцииите на граѓаните кои живеат во тој дел на градот и направените согледувања на фактичката состојба на терен од страна на стручни лица при локалната самоуправа Неготино, во изминатиот период работници на ГП Гранит беа ангажирани на санирање на оштетувањата на една од најфреквентните улици во градот – Ленинова. Предходно на оваа улива работници на локалното комунално претпријатие Комуналец интервенираа за отстранување на одреден дефект, по што се наметна потребата од асфалтирање на делот каде што имаше оштетувања на асфалтот. За реализација на овој зафат од Буџетот на општина Неготино се реализирани средства во висина од над 200.000 денари.