ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЛОШТАД И УЛИЦИ ВО С. ВОЈШАНЦИ-НЕГОТИНО PDF Печати

   На пригодна свеченост што беше организирана во центарот на селото, денеска во Војшанци започнаа работите околу реализацијата на проектот за изградба на плоштад и асфалтирање на улици во ова неготинско село. Градоначалникот Пане Трајков информираше дека целокупната изведба на работите чини 4.300.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а во рамките на реализацијата на годишната програма за уредување на градежното земјиште во руралните средини. Со проектот се предвидува поплочување на овој простор со бехатон коцки и изградба на пристапни патеки, поставување на елементи за одмор и релаксација, а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. Паралелно, ќе се врши асфалтирање и на неколку улички кои водат до и од центарот на Војшанци.