ПОСТАВЕНА ФОНТАНА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Со обезбедени финансиски средства од Буџетот на општина Неготино деновиве повторно беше поставена фонтана во склоп на изградениот парк на главната улица Маршал Тито во градот во близина на Полициската станица. Станува збор за простор кој пред извесен период беше оплеменет со изградба на патеки, поставување на клупи за седење и  негово озеленување, но од страна на несовесни граѓани фонтаната беше оштетена, што пак беше повод да се донесе одлука за поставување на нова фонтана. Одговорните во Одделението за комунални работи истакнуваа дека согласно годишната програма за работа предвидена е замена на сите постоечки фпонтани во градот, од кои најголемиот дел се во централното градско подрачје на Неготино.