ВО НЕГОТИНО НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА ВЕСЕЛО И РАЗИГРАНО PDF Печати

   Илјадници граѓани на Неготино и населените места присуствуваа на организираниот дочек на Новата година организиран од страна на локалната самоуправа кој се одржа на градскиот плоштад. Се пееше, се играше и се консумираше од понудените на штандовите квалитетни неготински вина и ракии и вкусната храна што угостителите ја понудија за посетителите на новогодишната забава. За атмосферата се погрижија членовите на групата Апсајдаун, Антигона бенд и групата Чардак , а пред и после поклопувањето на стрелките на часовникот неготинци ги развеселуваше Маријана Мишева.