АСФАЛТИРАНИ УЛИЦА И МОСТОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Во рамки на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино, работници на градежното претпријатие Градба промет ги изведоа финалните работи во делот на асфалтирањето на улицата која ги спојува двата дела од градот и  мостот на Тимјаничка река. Притоа, извршено е асфалтирање на улицата пред и после мостот во должина од над 100 метри, како и асфалтирање на самиот мост. За изведување на комплетните работи околу изградбата на мостото и спроведувањето на асфалтерските работи од Буџетот на општина Неготино беа издвоени средства во висина од 10 милиони денари. Се очекува, со ставањето на мостот и на улицата во функција да се зголеми фреквентноста на оваа обиколница околу градот, со што пак би требало да дојде до растеретување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.