НЕГОТИНЕЦОТ ЃОРЃИЕВ ЕВРОПСКИ ВИЦЕ-ПРВАК ВО КИК-БОКС PDF Print
There are no translations available.

  Одличен успех на младиот неготинец Димитар Ѓорѓиев на штотуку завршеното Европско првенство во кик – бокс што се одржа во Букурешт – Република Романија. Во исклучително силна конкуренција, во категоријата до 74 килограми Ѓорѓиев го освои второто место со што стана европски вице – првак во оваа категорија. Ѓорѓиев не и непознат на пошироката спортска јавност во Македонија, бидејќи тој е и актуелен светски првак во категоријата до 71 килограм од последното Светско првенство во кик – бокс. По повод постигнатиот спортски успех, тој беше примен од градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој му честиташе на постигнатите резултати, а Ѓорѓиев се заблагодари на континуираната поддршка што за своите настапи ја добива од локалната самоуправа.