ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Врз основа на договорот што локалната самоуправа Неготино го има потпишано со Германската банка за обнова и развој, а кој се однесува на обезбедување кредитни финансиски средства за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во градот и во дел од населените места, веќе извесен период во Неготино се работи на проект преку чија реализација се очекува да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење. А токму со цел за изворно информирање за тоа како течат досегашните активности, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков го прими и разговараше со претставникот на Германската банка за обнова и развој Ад Саннен – тим лидер за давање консултантски услуги за институционално јакнење- Програма за водоснабдување и канализација во Република Македонија. На состанокот беа потенцирани досегашните активности, при што беше најавено дека мошне скоро ќе се стартува со првата фаза од проектот која предвидува замена на старите со автоматизирани водомери во домовите на неготинските домаќинства, додека во втората фаза комплетно ќе се реконструира водоводната мрежа, со што се верува дека ќе се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за пиење.