ВО НЕГОТИНО СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ВПР PDF Print
There are no translations available.

   По принципот на ротирање на местото на одржување на состаноците, Неготино и градоначалникот Пане Трајков беа домаќини на градоначалниците од Вардарскиот плански регион на средбата на која присуствуваше и директорот Александар Бузалков. На дневен ред пред првите луѓе на општините од Вардарскиот плански регион се најдоа 8 точки за расправа. Меѓу другото, на работниот состанок беше донесена одлука за реализацијата на проектот,, Меѓуопштинска соработка за енергетска ефикасност преку чија реализација се очекува да се заштедат ограничени енергетски ресурси на локално ниво, а се донесе и одлука за спроведување и на проектот ,, Мрежа за инклузивен развој на Вардарскиот пласнки регион ,,. Пред градоначалниците беше презентирана, разгледана и усвоена и територијалната анализа и вредносен синџир на трпезното грозје во Вардарскиот плански регион.