НЕГОТИНЦИ ЈА ЗАСАДИЈА СВОЈАТА ИДНИНА ВО ПРЖДЕВО PDF Print
There are no translations available.

   Стотици граѓани на општина Неготино, ученици од средното и двете општински училишта, вработени во локалната самоуправа и во други јавни установи зедоа активно учество во акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина што годинава се реализираше на местото викано Прждево. На површина од 10 хектари се засадија околу 40.000 багремови садници обезбедени од подружницата на ЈП Македоноски шуми во Демир Капија. Во акцијата се вклучија и државниот секретар во Министерството за одбрана Петар Есмеров и градоначалникот на општина Неготино кои не го криеја задоволството од масовноста при вклучувањето во оваа акција која  ќе придонесе за подобрување на еколошкиот амбиент, како во општината, така и на територијата на целата држава.