ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНИОТ ЦЕНТАР ВО ТИМЈАНИК PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и претседателот на месна заедница Тимјаник Добре Михаилов на пригодна свеченост со присуство на голем број жители од населбата, во употреба го предадоа новоизградениот центар во Тимјаник- проект за чија реализација од Буџетот на општината беа издвоени 10.000.000 денари. Со градежните работи кои се одвиваа во две фази опфатена е вкупна површина од 4.300 метри квадратни при што се уреди центарот на населбата и одделни краци кои се спојуваат со истиот, се уреди и асфалтираше главната улица која минува низ Тимјаник, се поставија бетонски рабници и тротоари со бехатон коцки, а по завршувањето на овие активности се пристапи кон хортикултурно уредување на околниот простор која е целосно осветлен, а се поставија и придружни елементи кои ќе служат за одмор и релаксација на месното население. Исто така, во употреба беше предадена и новоизградената комплетно реконструирана и асфалтирана улица во Тимјаник во должина од 220 метри со поставување асфалт на површина од 1.100 метри квадратни со вкупна вредност на изведените работи од 1.700.000 денари.