СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА НОВОИЗГРАДЕНА УЛИЦА ВО ТРЕМНИК PDF Печати

   Со обезбедени средства од Платежната агенција за рурален развој при Министерството за земјоделие на РМ  во износ од 5.740.000 денари и со 4.300.000 денари од Буџетот на општина Неготино, работници на градежното претпријатие Гранит извршија комплетна реконструкција на улица во Тремник во должина од 800 метри која на пригодна свеченост во функција ја ставија градоначалникот на општината Пане Трајков, советничката во Советот на општината Јованка Камчева о претседателот на месната заедница Тремник Петко Ристов. Поради конфигурацијата на теренот еден дел од улицата е асфалтирана, а еден дел е поплочен со бехатон коцки. Новоизградената улица е со ширина од 6 метри, во пострмниот дел 5,5 , а при изведувањето на градежните работи постоечките шахти на улицата беа поставени на ниво на коловозот, со што дојде до израмнување и поголема функционалност на новоизградената улица. Инаку, целокупниот проект преку кој дел од жителите на Тремник добија нова, современа и функционална улица чинеше околу 10.000.000 денари.