ФИНАЛНИ ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА МОСТОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА И УРЕДУВАЊЕ НА УЛИЦАТА PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежното претпријатие ,, Градба промет ,, се ангажирани на изведување на финалните работи на мостот на Тимјаничка река, како и на уредување на улицата пред и после мостот која ги спојува пак улиците Антон Пеган и Владо Арсов Шпанац.  Имено, покрај изведувањето на завршните работи на и околу мостот пред неговото ставање во функција, паралелно се врши тампонирање и подготовки за асфалтирање на околу 100 метри пред и после мостот на улицата која ќе ги спои двата дела од градот, при што е изграден и потпорен sид на истата. Меѓу другото, во делот на изведувањето на работите на овој потег, се изврши и чистење на колекторскиот систем од новиот мост до градскиот пазар и тоа од двете страни во должина од 1.000 метри. Основна цел на овој проект е да се овозможи полесен проток на луѓе и возила во овој дел од градот, а наедно и да дојде до растеретување на сообраќајот во централното градско подраќје. За спроведување на сите предходно наведени градежни активности од Буџетот на општина Неготино се издвоени околу 10.000.000 денари.