САНАЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА НА УЛИЦА ВЛАДО АРСОВ ШПАНАЦ PDF Печати

   Долги години наназад жителите од населбата Саат – кула имаа големи проблеми со недоволниот дотур на вода до нивните домови, проблем кој посебно го чуствуваа граѓаните кои живеат во зградите лоцирани во населбата. По утврдувањето на причините за ваквата состојба -  нефункционалноста на постојната мрежа и честите дефекти кои се јавуваа поради слабата издржливост на притисок на цевките и обезбедената финансиска конструкција, општина Неготино го реализираше проектот за санација на водоводната линија на улицата Владо Арсов Шпанц во должина од 200 метри  преку која водата доаѓа до жителите од Саат – кула. Констатирано е дека постоечките цевки се пластични, стари и дотраени од 6 бари, па токму затоа истите беа заменети и беа поставени нови полиетиленски цевки од 10 бари кои обезбедуваат далеку поквалитетен и стабилен проток на водата, а исто така се променија и приклучоците за домаќинства кои живеат на оваа улица. По комплетното спроведување на овој зафат дојде до драстично подобрување на состојбата со водоснабдувањето на жителите од населбата Саат – кула, а со цел за регулирање на протокот, поставени се и 2 вентили за регулирање на дототкот на вода во водоводната мрежа. Потребните средства за реализирање на проектот од 1.600.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.