СЕ РЕКОНСТРУИРА ВОДОВОДНАТА И ФЕКАЛНАТА МРЕЖА НА УЛ ,, 11 ОКТОМВРИ ,, PDF Print
There are no translations available.

   Во изминатиот период работници на градежната фирма ,, Стојменов ,, од Кочани беа и се ангажирани околу комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мрежа на улицата 11 –ти Октомври – проект кој се наметна за реализација поради застарените мрежи и проблемите со кои долги години се соочуваат граѓаните кои живеат на оваа улица. Имено, согласно потпишаниот договор за финансирање проекти помеѓу Република Македонија и Европската инвестициона банка за проектот – Водоснабдување и одведување на отпадни води, општина Неготино аплицираше, а од Министерството за транспорт и врски и беше одобрен проектот за комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мржа на улицата 11-ти Октомври. Финансиската рамка на овој проект е определена согласно предвидената инвестициска вредност на истиот и изнесува над 5.000.000 денари. Инаку, со проектната програма дефинирана е потребата од изградба на нова фекална мрежа во должина од 270 метри, како и реконструкција на постоечката линија на оваа улица која е со азбестно-цементни цевки, недоволен профил и со старост на истите од над 60 години, по што е утврдена потребата од нивна итна замена. Со конечната реализација на проектот се очекува да дојде до значително подобрување на квалитетот на услугите во делот на водоводната и фекалната мрежа за над 500 граѓани кои живеат на улицата 11-ти Октомври.