ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЧРНОМЕЉ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на меѓународната соработка што ја реализира локалната самоуправа, во посета на нашиот град беше делегација од општина Чрномељ- Република Словенија со која општина Неготино има потпишано меморандум за соработка. Словенечката делегација која беше предводена од градоначалничката Мојца Чемас Стјепановиќ беше примена во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, при што средбата беше искористена за поблиско меѓусебно запознавање и размена на искуства од функционирањето на двете локални самоуправи, а беа разгледани и можностите за продлабочување на веќе остварената меѓусебна соработка. За време престојот, делегацијата од Чрномењ ги посети изложбите во градскиот Музеј и ТИЦ Желкова куќа, направи прошетка со краток одмор на старата градска чаршија, заедно со домаќините го посети и се запозна со археолошкиот локалитет Стоби, а исто така б гостите од Словенија го посетија, разгледаа и уживаа во убавините на прекрасниот манастир Свети Ѓорѓи. Исто така, имаа можност да ја посетат и копаничарската работилница на Зсружението ,, Стари занаети ,, а наедно се посети и еден стопански субјект од општина Неготино.