ОТВОРЕНИ ДВЕ ИЗЛОЖБИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Во организација на Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, а во соработка со локалната самоуправа и Музејот на град Неготино, во нашиот град се изврши отворање на две изложби. Првата беше поставена во изложбениот салон на градскиот Музеј и на истата  присутните заинтересирани имаа можност да ги разгледаат 50-тината фотографии на еден од најпознатите унгарски уметници Јанош Ејферт. За значењето на изложбата говореше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а изложбата за отворена ја прогласи амбасадорот на Република Унгарија во Мкедонија Јожеф Бенце. Истиот ден, во просториите на Туристичко-информативниот центар амбасадорот Бенце и градоначалникот Трајков отворија уште една изложба која претставуваше колекција на слики од Унгарската историја, со што, како што беше истакнато, заинтересираните посетители низ слика и збор имаа можност да се запознаат со историјата на оваа пријателска земја.