АНГАЖИРАНИ 31 НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ЈАВНИ РАБОТИ PDF Печати

   Општина Неготино ги ангажираше првите 31 невработени лица за извршување на јавни работи во наредните 6 месеци, а во согласност со проектот на Владата на РМ. Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој оствари средба со лицата кои ќе бидат работно ангажирани и со раководителката на Бирото за вработување Кристина Чадамова  истакна дека за оваа намена за 20 ангажирани лица средствата се обезбедени од Владата, додека работниот ангажман на 11 лица ќе се плаќа со средства од општинскиот Буџет. Притоа, беше потпишан и Меморандумот за ангажирање на 31 лице, а основната цел на проектот е да им се помогне на социјално ранливи семејства каде што никој не е вработен. За време на шестмесечниот работен ангажман лицата ќе добиваат финансиски надомест од 7.600 денари месечно во кои е вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, а го задржуваат и правото на здравствено осигурување.