АМБАСАДОРОТ ВОЛЕРС НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ PDF Печати

  Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс престојуваше во еднодневна посета на Неготино при што оствари средба и се задржа во разговор со градоначалникот Пане Трајков. Домаќинот Трајков упати јавна благодарност на САД кои и даваат поддршка на земјата и на Неготино, како и на агенцијата УСАИД со чија поддршка општината во изминатите десетина години реализираше проекти кои се од приоритетно значење за Неготино, како што се реконструкција на училишта, поддршка на НВО и сличлно, а високиот гостин беше запознат и со потенцијалите на општината за развој на индустријата, можностите за привлекување нови инвеститори, како и можностите за отворање на нови работни места. Амбасадорот Волерс посочувајќи оти е првпат во Неготино информираше дека со градоначалникот Трајков зборувале за предизвиците со кои се соочува првиот човек на градот, за невработеноста, за отворањето нови фирми, економскиот раст на градот и за проблемот со недостигот од вода за пиење. Тој подвлече дека ги посетува градовите во Македонија бидејќи смета дека градоначалниците се тие кои се справуваат со проблемите на граѓаните и кои најдиректно ја познаваат основата на нивните проблеми.