ВИЦЕПРЕМИЕРОТ СТАВРЕСКИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БИЗНИС-СЕКТОРОТ PDF Печати

   За време престојот во Неготино, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одржа работна средба со претставници на бизнис секторот од општината на која се расправаше за повеќе актуелни теми. Меѓу другото, тој ги информираше присутните дека Владата на РМ од Европската инвестициона банка има обезбедена кредитна линија во висина од 100 милиони евра – средства кои се веќе достапни за малите и средни претпријатија. Оваа мерка е донесена со цел да се подобри ликвидноста на фирмите и да се зголеми производството во малите и средните претпријатија кои се најпогодени од кризата во Европската унија, а достапните кредити се со поволна фиксна каматна стапка од 5,5 отсто. Вицепремиерот Ставрески додаде дека 70 отсто од новата кредитна линија е наменета за мали и средни претпријатија, а останатите 30 отсто ќе можат да бидат искористени и од страна на големите компании за приоритетни проекти. Тој ги повика компаниите да изготват квалитетни бизнис планови кои се неопходни за подигнување кредит од третата кредитна линија, со напомена дека рокот на враќање е 8 години со 2 години грејс период.
На средбата вицепремиерот информираше дека во законскиот рок исплатени се вкупно 740 милиони денари по основ на субвенции за лозарите, винариите и земјоделските стопанства и најави дека ваквата поддршка продолжува и во иднина. Претставниците на бизни секторот беа информирани и за напорите што Владата ги прави за донесување на гасот како енергенс во нашата држава и за изградба на гасификациска режа, додавајќи дека ова е значајно од причина што гасот до Неготино би требало да пристигне во првата фаза од изградбата на гасификацискиот систем.