ФИНИШИРА АСфАЛТИРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ВО ТИМЈАНИК PDF Печати

   Градежната оператива на фирмата ,, Стојменов ,, од Кочани финишира со активностите во делот на асфалтирањето на централното подрачје во Тимјаник. Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.000.000 денари- средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а со градежните работи е опфатена вкупна површина од 4.300 метри квадратни, при што се уредува центарот и одделни краци кои се спојуваат со истиот, како и уредување на главната улица која минува низ населбата. Во првата фаза од работите на терен беше активна фирмата ,, Алфа-инжинеринг ,, која ги изведе работите околу оформувањето на централното подрачје, поставување на контурите на улиците, поставување на бетонски рабници и тротоари, за што од општинскиот буџет се издвоија средства во висина од 4.000.000 денари. Во втората фаза, фирмата ,, Стојменов ,, од Кочани го врши асфалтирањето на овој простор- централното подрачје на населбата, за што од Буџетот на општината Неготино се реализираат средства во висина од 6 милиони денари. Според зборовите на одговорните, веднаш по завршувањето на асфалтерските работи, ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување на центарпот со засадување на дрвја, посадување на трева и поставување на придружни елементи за одмор и релаксација на локалното население.