КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА КОСТЕ ВОЛКАНОВСКИ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на полицискиот синдикат при Полициската станица- Неготино во салата на општината се спроведе втората по ред крводарителска акција во чест на бранителот Косте Волкановски кој животот го загуби во воените дејства во 2001-та година. Голем број негови колеги, но и други заинтересирани граѓани масовно се одзваа на повикот да даруваат крв и со својот хуман гест да придонесат за спасување на човечки живот, а меѓу дарители на најдрагоцената течност беше и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, како и други лица од општинската администрација. Стручната екипа за трансфузиологија имаше полни раце работа во сите 8 часа додека траеше крводарителската акција, притоа излегувајќи им во пресрет на сите кои се одлучија да даруваат крв. Според добиените податоци, за време на акцијата реализирани се вкупно 65 крводарувања, што во овие летни месеци кога владеат пеколни горештини е извонредно висок број на крводарувања. Организаторот ветува дека оваа крводарителска акција ќе стане традиционална и ќе се одржува секоја година во чест на Волкановски.