СО 6,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ АСФАЛТИРАНИ 5 УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

Во рамките на спроведувањето на Програмата за уредување на градежното земјиште за подрачјето на општина Неготино, а со подобрувањето на временските услови, работници на ГП Гранит врз основа на ангажирањето од локалната самоуправа извршија комплетна реконструкција и асфалтирање на 5 улици или краци на улици на повеќе локации во градот. Притоа, на споменатите улици поставен е асвалт на површина од 9.150 м2, односно асфалтирани се улици во должина од 1.270 метри за што од Буџетот на општина Неготино се издвоени средства во висина од 6.373.751  денари.


Во оваа фаза од изведување на работите, комплетно беше реконструирана и асфалтирана улицата Владо Арсов Шпанац во должина од 670 метри и со вградување на асфалт на површина од 4.200 м2 за што од Буџетот  се реализирани 2.461.855 денари, при што е извршено и сечење на асфалтот и спојување со други улици. Исто така, асфалтерски работи во должина од 200 метри со вградување на асфалт на површина од 1.200 м2 беа изведени и на улицата Питу Гули со вкупно чинење на работите од 850.119 денари.

Со средства во висина од 444.907 денари од Буџетот на општина Неготино беа асфалтирани и 120 метри должни на дел од улицата Кирил и Методиј со вградување на асвалт на површина од 750 м2, а поради големата оштетеност се изврши реконструкција и асфалтирање на 100 метри на дел од улицата Манчо Малиминов со вградување на асфалт на површина од 1.100 м2. Имајќи ја предвид ферквентноста на сообраќајот на тој дел од градот, како и големите оштетувања на коловозот, со средства во висина од 1.243.076 денари беа изведени асфалтерски работи и на улицата која води до Железничката станица при што е поставен асфалт на површина од 1.900 м2. Од локалната самоуправа со најава дека во наредниот период ќе следува асвалтирање и на други улици во Неготино.